Радио Милева елегантна

Вистинска дама: Oва е сестрата на Лидија Вукиќевиќ – со кадрава коса како актерката (фото)

Вистинска дама: Oва е сестрата на Лидија Вукиќевиќ – со кадрава коса како актерката (фото)

Лидија Вукиќевиќ неодамна го прослави својот 60-ти роденден, а на нејзината совршена фигура можат да и  позавидат многу од помладите колешки.

Но, и сестрата на актерката Лидија Вукиќевиќ е елегантна дама, која не се експонира јавно.

Иако сопствената сестра и е популарна актерка која привлекува големо внимание и со својот изглед и со своите улоги, сестрата на Лидија Вукиќевиќ избра поинаков животен пат кој не е изложен во јавноста, а многумина не се свесни дека актерката има сестра и како таа изгледа.

Сестрата на Лидија, Марина  е нејзин најголем поддржувач во животот и кариерата, а актерката која не открива премногу за членовите на семејството, повремено знае да ги  израдува своите следбеници на „Инстаграм“ со фотографии од драги луѓе.

Овој пат имаше неколку емотивни реченици да и каже на својата сестра, за која очигледно е многу приврзана:

– Сестра-именка без заменка. Ти благодарам што ме поддржуваш кога грешам, ти благодарам што ме заштитуваш и ме направи силна. Ти благодарам што ме смееш кога сум намуртена, ти благодарам што ме враќаш на вистинскиот пат кога ќе ја изгубам мојата мапа. Ти благодарам што си секогаш таму. Те сакам – напишала Лидија покрај фотографијата на оваа грациозна дама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

Неоспорна убавина ги краси и Лидија и нејзината сестра, евидентно е дека и двете се негувани жени кои се грижат за својот изглед, а на многумина им падна во око и неверојатната сличност меѓу сестрите.

Фото:принтскрин/Инстаграм/Лидија Вукиќевиќ

To top