Радио Милева Сунѓер,ружа или...?

Ја споредија со сунѓер: Модната комбинација на Тамара Тодевска мета на потсмев (фото)

Ја споредија со сунѓер: Модната комбинација на Тамара Тодевска мета на потсмев (фото)

Генерално изборот на нештата во животот се лично право и работа на вкус, но секој исто така има свој избор за дали да му се допадне селекцијата на другиот, па ја коментира вака или онака.

Ова непишано правило кое во пракса е секојдневие за сите нас, многу често се случува кога во прашање е модниот избор кај припадничките на понежниот пол, а особено кај познатите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)


Пејачката Тамара Тодевска беше мета на коменрари на социјалните мрежи поради нејзиниот авангарден модел на палто во пурпурна нијанса.

За некои ова беше вистински моден погодок кој одлично и прилега на Тамара, додека други овој модел ги потсети на сунѓер за капење. На Инстаграм дури се појави фотографија на сунѓер во истата боја на автентичното палто, а Тамара знаеше да се пошегува и самата, па ја сподели на својот профил дополнувајќи ја со смешен симбол и коментар „ок“.

Игор Џамбазов исто така имаше своја асоцијација, за него Тамара со ваквиот моден аутфит го потсетува на ружа.

Кога веќе коментарите почнаа, што мислите вие?

To top