Српската поп-фолк дива Јелена Карлеуша го прослави својот 44 роденден, а по тој повод ги спакува куферите и замина во Дубаи.
Имено, Карлеуша еден ден пред роденденот ги спакува куферите и со ќерките отпатува на луксузна дестинација.
По тој повод таа сега се огласи и на своите следбеници им покажа во каков луксуз ужива.
Карлеуша снимила и како нејзините ќерки биле пречекани во луксузниот комплекс каде ќе бидат сместени за време на нивниот престој таму, потоа покажала торта во форма на буквата „Ј“, шампањ, а потоа поглед од милион долари.
Нема сомнеж дека Карлеуш долго ќе го памети овој роденден.
Фото:Принтскрин/Инстагарм/Јелена Карлеуша