Министерството за одбрана по повод 30 години од основањето на АРМ организира голем хепенинг на стадинот на АРМ во Скопје. На настанот ќе биде изложена воена опрема, ќе се прикажат воени вештини и ќе има многу музика! Настанот по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“ е закажан за среда – 17 август. Почетокот на програмата е во 18.30 часот.
Во музичкиот дел ќе настапат: Кики од „Дајте музика“, Пере од „Нокаут“, Дац и Александар, „Last Expedition“, DJ Babura Junior и Еурека танц студио.