Радио Милева сè уште не е слободна

Карлеуша со проѕирен фустан кој едвај ги покри интимните делови, пристигна на забавата кај Милица Павловиќ па изненади: „Не сум разведена“ (фото)

Карлеуша со проѕирен фустан кој едвај ги покри интимните делови, пристигна на забавата кај Милица Павловиќ па изненади: „Не сум разведена“ (фото)

Познато е дека Милица и Карлеуша се дружат долги години, како и дека често се поддржуваат преку социјалните мрежи.

По повод роденденската забава на Милица Павловиќ Карлеуша во интервју  истакна дека сè уште не е разведена.

– Сè уште ништо не сум и посакала на Милица, сега ќе и посакам. Оваа година е годината кога нејзините соништа се остварија. Мојот роденден доаѓа наскоро, но нема да славам оваа година. Малку сум уморна од подготовките за новиот албум,  уморна сум. Наскоро ќе излезе нов албум. По албумот следи крај на светот. Се надевам дека после албумот ќе има голема турнеја. Сметам дека ова е најдобриот албум во мојата кариера.

На прашањето, како е да се биде слободна жена таа одговори:

– Јас не сум разведена, сè уште не.

Инаку, Карлеуша се појави во син фустан кој беше проѕирен и повеќе откриваше отколку што покриваше.

Фото:Принтскрин/АТА имаџес

To top