На почетокот од годинава во домашните медиуми се шпекулираше дека некогаш најдобрите другарки, пејачката Тамара Тодевска и познатата манекенка Катарина Ивановска повторно не се во добри односи, а причината наводно била – изневерена доверба, барем така се шпекулираше.
Пејачката и манекенката тогаш не се огласија по ваквите пишани приказни, што дополнително даде потврда на навестеното, а згора на тоа ги тргнаа и заедничките спомени од социјалните мрежи.
Во таа прилика еден нивни заеднички пријател кој сакал да остане анонимен изјави:
– Да, вистина е дека Тамара и Катарина се скарани. Се налутија една на друга, а точната причина не би сакал да ја откријам. Јавете им се на нив и прашајте ги, вели за магазинот нивни заеднички пријател, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.
Сепак, оттогаш помина доста време, а од заедничките дружби на добрите пријателки ни трага, ни глас.
Дека нешто ново се случува кога нивниот пријателски однос е во прашање, потврдува фотографијата од Катарина која позира во парче дизајн на познат моден дизајнер и соработник на Тамара, а се најде во кусите приказни на Инстаграм кај пејачката.
Дека можеби со ова сака да ја смират топката или веќе тоа се случило, ќе покажат самите.