Деновиве нашата фолк-пејачка Сузана Гавазова, пред настапите во Италија и Австрија, престојуваше во Белград каде падна договор за нова песна и видео кои наскоро ќе бидат снимени и промовирани. Имено, Гавазова веќе некое време е во Македонија, каде што веднаш се „фрли“ на работните ангажмани, а овој работен состанок и договор во Белград се само една од низата активности кои таа ги најавува за публиката.
На својот профил на Фејсбук, таа напиша дека ќе соработува со најдобрите од Балканот и не ја криеше возбудата за тоа: „Наскоро нова песна и видеоспот од најдобрите на Балканот – Динајл Х, Браја и Харис Дубица. Очекувајте нешто неочекувано“, напиша Сузана покрај фотографијата на која е сликана со споменатата „ол старс“ музичка и авторска екипа во Белград која работела за најголемите балкански имиња: од Наташа Беквалац до Брена и Цеца.