Сопругата на пејачот отворено проговори за животот што го водела пред да го запознае.
Харис и Мелина Џиновиќ имаат хармоничен брак во кој добија две деца, а избраничката на пејачот откри како започнала нивната врска.
Без разлика на 30-годишната разлика во години, тие двајца функционираат како што треба, а некои изјави на Мелина за бракот сепак изненадија многумина.
– Се додека не го запознав Харис, бев насочена исклучиво на училиште, патувања и испити. Сакав домашни собири, добри филмови и книги. Пресвртот дојде на дваесет и две години кога се омажив за него и идобив деца. Денес живеам слободен живот без никакви ограничувања, секогаш го прашувам Харис за се’, па дури и дали можам да излезам, што му е смешно. Го водам животот што ми го овозможи, а тоа може само да го посака човек – изјавила Мелина за „Стори“.
Иако Харис не е љубоморен, модната дизајнерка Мелина признава дека на почетокот на врската го проверувала.
– Бев како вистински психопат, а сега ми е срам што го правев тоа во првите три години од бракот. Ги проверував неговите телефони, кредитните картички и му поставував трик прашања кои му беа смешни и мислев дека сум многу паметна. Сега мислам дека ваквото однесување е понижувачко за една жена, но бидејќи три години не го фатив како изневерува, решив да престанам со таквите постапки и љубомората исчезна – рекла таа.
фото:E-stock/ATA Images/Instagram printskrin