Петар Грашо како и секое лето настапува низ регионот, а поради набиениот распоред и темпото со кое се одржуваат концертите, имунитетот на познатиот пејач е намален.
Како што откри менаџерката на Грашо, Мартина Подгорски, тој примил витаминска инјекција, но не станува збор за посериозна ситуација. Таа истакна дека за се’ е виновна летната турнеја и големиот број настапи.
View this post on Instagram
На прашањето како е на новопечената мајка Хана Хуљиќ и нивната ќерка Алба, таа кусо изјави дека „се’ е добро и во најдобар ред“.
Хрватскиот пејач неодамна настапи на фестивалот „Фјужн“ во Сплит и реши да ги предупреди насобраните новинари со одговор пред да му го постават прашањето кое сите најмногу ги интересираше.
‒ Да ве претекнам со одговор, се’ е во ред, сите сме среќни,живи и здрави.
фото:Инстаграм/Петар Грашо