Радио Милева немала инспирација и воопшто не се потрудила да сокрие

Александра Пријовиќ целосно го копирала спотот на Ноа Кирел !? (фото)

Александра Пријовиќ целосно го копирала спотот на Ноа Кирел !? (фото)

По којзнае кој пат се случува некој од  изведувачите да ја копира работата и залагањето на големите музички ѕвезди, веројатно поради немање свои идеи и инспирација.

Порано, пред социјалните мрежи, тоа беше потешко да се види, но во денешно време тоа воопшто не е проблем. Последна што „искористи“ туѓ труд беше Александра Пријовиќ.

 

Таа или луѓето од нејзиниот тим дошле до идеја речиси целосно да направат плагијат на видеото на израелската ѕвезда Ноа Кирел, која го објави хит-синглот „Thought About That“ во јануари оваа година и моментално има речиси 35 милиони прегледи на „YouTube“.

А публиката можеше да ја види истата снимка како во клипот на Кирел и кај Пријовиќ во спотот за песната „Јавно место“, кој беше поставен на „YouTube “пред три недели. Нејзините соработници воопшто не се труделе тоа да биде не толку очигледно и проѕирно, па видео клипот го копирале речиси целосно, всушност само мал дел од снимката не е иста.

Фото:Принтскрин/Профимедиа/Дамир Дервишагиќ/Јутјуб

To top