Пејачката настапува цело лето, а вчера објави фотографија на која носи патики со најголема можна платформа која би ја одбрале само храбрите дами!
Пејачката Теодора Џехверовиќ во текот на летото била на хрватското и црногорското приморје, а на Егзит успеала да стигне и до Нови Сад. На воодушевување на бројните фанови, таа на Инстаграм редовно објавуваше фотографии од плажата во Хрватска на која престојуваше најдолго.
Теодора настапуваше во Македонија, а вчерашната објава за помалку од еден ден доби близу 90.000 лајкови и околу 300 коментари.
– Ве сака ваша Џехвица – напишала кратко.
Џехверовиќ позираше во ултрамини црно здолниште и топ кој е нешто помеѓу едноделен црн костим за капење, боди и комбинезон. Бодињата што не се врзуваат е можеби најблиску до она што го облече пејачката, но акцентот беше на тоа што таа го облече на нозете.
Црните патики на огромна платформа се најдобриот избор, а за вакво нешто би се одлучиле само најхрабрите дами. Теодора се уште ја има својата иста фризура во вид на плетени пунџи, а иако е вечер, таа носи и очила за сонце. Нејзината коса сега е русокоса и иако неодамна имаше многу црвени прамени, забележливо е дека таа повторно се приклучи на русокосиот клан.
Обожавателите беа воодушевени од оваа нејзина објава, а пофалби за нејзиниот изглед се слеваа насекаде.
– „И ние те сакаме кукло!“, „Гориш!“, „Ти си риба опасна по живот!“, „ Ова се чекаше!“, „Рибетина“, „ Совршенство“, „ Најубавата“ – беа само некои реакции.
А еден од коментарите беше овој:
– Со патики 173 см, без патики 163 см – , а Теодора на тоа одговори со зборовите – „Буквално”.
Дали би се осмелиле да одите на овие многу високи платформи ?
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Теодора Џехверовиќ