Тој преку својата песна и волшебен глас знае да ги разбуди емоциите кај публиката, Влатко Лозаноски- Лозано скромно и ненаметливо опстојува на македонската музичка сцена, а за него пред јавноста тоа е сосема доволно.
Помина доста време откако ја раскина долгогодишната љубовна врска, и оттогаш буквално не испливала никаква информација околу неговиот емотивен статус.
View this post on Instagram
Дури и кога добива прашања од медиумите, тој останува резервиран по одговорот. Влатко во интервју за „Женски магазин“ го доби токму прашањето кога за љубовниот живот кој е енигма за јавноста.
Дали е заљубен одговори кратко и очекувано во негов стил:
-Да, сум, благодарам на прашањето, сега засега одлично се чувствувам, одговари Влатко, но спомена дека од она што го пее во текстовите од проектот „Километри“, најмногу ја опишува неговата приказна и емотивна состојба.
-Дефинитивно во целиот проект „Километри“, моожеби ќе има таква каде што верувам и останатата публика би се пронашла, одговара Лозано за „Женски магазин“.
Која е девојката што го освои неговото срце, останува се уште енигма, но сега кога веќе постои потврда, можеби нештата ќе станат појасно видливи.
фото:Инстаграм Лозано принтскрин/samandovs