Свршеницата на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез повторно е мета на критики, но сега поради, како што велат, претераното користење на фотошоп.
На фотографијата таа носи тесен црно-бел фустан со шлиц, кој ги истакнува нејзините нозе и витката фигура.
– Никогаш да не умре во тебе таа девојка која толку пати те спаси од реалноста со својот противотров на лудилото – напиша таа во описот под провокативната фотографија.
View this post on Instagram
-Кој мисли дека вака ти изгледа задникот, во голема заблуда, косата ти е убава, но ова не е твој задник, не ти треба фотошоп.
Роналдо и Џорџина оваа година добија девојче на кое и го дадоа името Бела Есмералда, а при породувањето останаа без син.
Бела е второто дете кое Џорџина го роди од Роналдо, заедно добија уште едно девојче Алана Мартин, додека сурогат мајката на фудбалерот го роди синот Кристијан Јуниор и близнаците Ева и Матео кои неговата свршеница ги прифати како свои.
View this post on Instagram
Роналдо и Џорџина неодамна уживаа со своите деца во Медитеранот со кој пловеа на луксузна јахта, а фудбалерот покажа фотографија од истата на Инстаграм.
фото:Инстаграм/Профимедиа