Синот на Сузана Јовановиќ неодамна се ожени со својата долгогодишна девојка, а парот сега, како што налагаат обичаите, замина на меден месец.
Со оглед на семејството од кое потекнува Даниел, се очекуваше тие да изберат егзотична дестинација за свадбеното патување, но Тијана и тој се решија на поскромна опција.
Имено, младенците отпатувале на хрватското приморје, поточно во Опатија, каде Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ имаат луксузен стан.
Очигледно е дека Даниел не е оптоварен со материјални работи и дека му е многу поважно со кого е, отколку каде е.
Да потсетиме, парот се запозна на работа, а тоа беше љубов на прв поглед. Тијана по професија е шминкер, додека Даниел е мајстор за тон во „Гранд“.
фото:Инстаграм принтскрин