Виктор Живојиновиќ и Милица Томашевиќ веќе извесно време уживаат на одморот во Црна Гора, од каде што објавуваат фотографии на социјалните мрежи.
Последната на која можете да ја видите јахтата ја објави синот на Лепа Брена, а е фотографирана во близина на Тиват.
Тие билее на крстарење по Јадранското Море, па Виктор објави доста интересни фотографии на својот Инстаграм профил.
Инаку, додека уживаат во Црна Гора, Брена е со другарките во Сен Тропе.
Младата актерка Милица Томашевиќ неодамна изјави дека нејзиното момче е прекрасен млад човек бидејќи пејачот и поранешен тенисер Боба Живојиновиќ добро го воспитал.
– Виктор е одлично момче. Кога жените избираат маж, треба да ги погледнат неговите родители, односно генетиката. Виктор има одлична генетика, што не е чудно со оглед на тоа што мајка му е Лепа Брена, а татко му Боба! Прекрасно го воспитале, а мислам дека е многу убав – вели Милица.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/viktorernest/Kurir.rs