Радио Милева Која е вистинската причина ?

Миљана Кулиќ раскина со Бебица: Откри дека ја изневерувал, па кажа што планира (фото)

Миљана Кулиќ раскина со Бебица: Откри дека ја изневерувал, па кажа што планира (фото)

Миљана на Инстаграм откри дека оди на операција на желудникот, но и дека го напуштила Бебица поради измама.

Миљана Кулиќ раскинала со нејзиното момче Ненад Мачановиќ Бебица бидејќи како што вели ја изневерил.

Таа се огласи на својот Инстаграм профил каде напиша дека и е закажана операција на стомакот и откри дека го оставила своето момче. Причината за тоа е што тој наводно ја изневерил.

-Едвај го чекам 18 јули за да одам на операција на желудникот па ќе видите кој ќе биде најзгоден следната година во ова време. Со  мое големо жалење морам да ви кажам дека Бебица ме изневери. Многу ми е тешко, но ова што го видов никогаш нема да го заборавам… Ќе те паметам само по убави нешта… Во шок сум, се чувствувам многу лошо – напишала таа.

Интересно е што Миљана набрзо ја избриша објавата, по што ја прикачи сликата на Мацанковиќ и напиша дека се шегува.

Дали само сакала да го привлече вниманието на јавноста или Бебица успеал да ја убеди да се смират, не е познато. Сепак, со оглед на тоа што Кулиќ детално го опишува нејзиниот приватен живот на Инстаграм, вистинската причина ќе ја дознаеме наскоро.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/miljana_kulic_official

To top