Иако на македонската сцена не многу се експонира, пејачката Анета Мицевска важи за еден од подобрите вокали на музичкото небо.
Ако не може да ја видиме на македонските ТВ програми, тогаш сигурно може да ја гледате кај нашите соседи, односно на телевизија „Гранд“.
Како и многу други пејачи, така и нашата Анета кариерата ја богати во големата српска музичка продукција „Гранд“.
А кога ние ќе подзаборавиме дека имаме квалитетни пејачи, тука се тие да не потсетат.
Анета неодамна гостуваше во една емисија каде што ја отпеја песната „Me heart will go on“ од Селин Дион.
Нејзните пријатели и фанови и порачаа дека пее подобро од оригиналот, а да беше родена во Америка сега ќе беше светска ѕвезда.
https://www.youtube.com/watch?v=z11rUPoWV9Y