Радио Милева проштален пост

Снежана Лупевска скршена од болка: „За жал, утрово мојот Супермен го напушти овој свет“

Снежана Лупевска скршена од болка: „За жал, утрово мојот Супермен го напушти овој свет“

Новинарката и главен уредник на ТВ телма, Снежана Лупевска-Созен сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи.

Авторката и водителката на емисијата „Код“ на „Телма“ со трогателна посвета се прости од татка си.

„Велат таткото е првиот пријател што го среќаваш во животот и дека ќерките и татковците делат едно срце. Татковците се супер херои, водич во животот.. Мојот татко беше сето ова, но и многу повеќе. Смирен, но и силен, тивок, но и решителен, за мене татко од најубавата сликовница, мојот Супермен.. Со сето ова не сфаќав дека старее.. Дека еден ден може да не биде со нас оти никогаш не се жалеше и се’ можеше сам. За жал, утрово го напушти овој свет, но знам дека месечината не свети залудно толку силно вечерва. Од таму горе, од небото широко отворено за него и понатаму ќе ме следи и сака. Почивај во мир татко“, напиша Лупевска на својот „Фејсбук“ профил простувајќи се од својот починат родител.

 

To top