Се омажи некогашната македонска пејачка и мејк ап стилист, Зорица Блажева која работеше под уметничкото име Зои Блаж.
Таа и нејзиниот сакан, ракометарот Тадеј Матијашиќ , по 7 години љубовна врска на далечина, успееа да опстојат и конечно викендот, на 9 јули нивната љубов ја крунисаа со брак.
Невестата за свечениот чин носеше уникатнатни венчаници во крем и бела боја.
Тесниот фустан беше украсен со бисери, а долниот дел завршуваше во форма на бели ливчиња.
На свадбената веселба младоженците и гостите ги забавувале бендот на браќата Нуне, две млади македонски пејачки имиња, познати по своите одлични настапи во „Ѕвездите на Гранд“ – Мими Јовановска и Мартинијан Кириловски.
Меѓу пејачите кои се фатиле за микрофонот била и Александра Јанева, додека за латино и ДЈ сетот биле задолжени Бока – Конга и ДЈ Мац.
Во вториот дел од свадбената веселба, венчаницата Зои ја замени со едноставен краток фустан во бела боја, во комбинација со бели патики во кои и беше поудобно да се забавува до раните утрински часови.
Веселбата се одржа во парк ресторанот „Гиновци“ во близина на Крива Паланка.
Инаку раката на невестета момчето ја побара уште пред една и пол година, кога во градот Зул во Германија каде Матеј игра за тамошниот ракометен клуб, се случи запросувањето.
„Кажав ДА на човекот кој што ме прави да се чуствувам посебна, кажав ДА на среќата, кажавДА на љубовта , кажав ДА на еден нов живот во кои ќе има само убавини …. Те сакам највеќе на цел свет, напиша тогаш Зои на своите профили на социјалните мрежи, сакајќи сте да знаат за убавината која и се случува и колку е среќна. Нека се среќни и вечни!
Фото: Инстаграм принтскрин/zoi.blaz