Марко Јанкетиќ требаше да глуми фолкер во “Кафана на Балканот”, но во последен момент се откажа поради снимањето на серија.
– Лукас мора да го глуми некој што има м**а. Оној што ќе биде избран наместо мене треба со многу храброст да ја заврши таа задача. Филмот има голем потенцијал, но многумина го потценуваат бидејќи се работи за естрадата. Аца живее „рокенрол“ како ретко кој, а тоа е возбудливо за екранизација. Лукас рече дека не очекува да биде претставен во филмот како Никола Тесла или Новак Ѓоковиќ, туку како човек од крв и месо – вели Јанкетиќ и додава дека никако не можел слободното време да го координира со снимањето на филмот за Лукас:
– Не побегнав од тој филм поради некаков „хир“, ниту ја одбив улогата, едноставно не можевме да ги координираме датумите. Претходно потпишав договор за снимање на серијата „Пасјача“, која ќе се прави истовремено со „Кафана на Балканот“, па нема да успеам да стигнам на двете страни. Се придржувам до етиката и ако веќе имам потпишано договор за проект, не можам да се откажам.
Марко вели дека жали што нема да го овековечи Лукас на филмското платно, бидејќи верува дека улогата добро би му одговарала.
– Немам време да се каам за ништо, продолжувам понатаму. Мислам дека би се снашол одлично како Лукас, но што е – тука е . На режисерот Никола Здравковиќ и на целата екипа им посакувам многу среќа и да направат добар филм и истоимена серија – вели актерот за „Информер“.
Фото:Принтскрин/Милан Илиќ/В. Лалиќ/Г.Срданов