Поранешната ТВ водителка и позната трендсетерка Мелита Ракичевиќ Инстаграм обилно го користи како место на кое сите можат да го видат и разберат она што сака да го каже и покаже. Од големи мисли, во вид на цитати на познати луѓе и сопствени коментари, преку разголени бујни облини сликани на разни егзотични дестинации кои неретко ги посетува, па се до скокотливи пози од секој нејзин телесен сегмент, сликани во домашен амбиент.
Овој пат Мелита реши да сподели нешто друго… Слично на кажанато, ама сепак различно од досега виденото!
Расната скопска убавица реши да го украси своето стројно тело со две тетоважи. И тоа на прилично специфично, видливо место. „Крвав загриз“ и едно битно име осамнаа на силиконската предница на „скопската тигрица“!
Имено, Мелита во горниот дел, на самиот почетокот на левата града истетовирала нешто што е налик на заштитниот симбол, односно логото на славните „Ролинг Стоунс“. Слично, ама различно, зашто јазикот на нејзината тетоважа не се плази, туку се оближува од „крвавиот загриз“.
Кој, зошто и за што е гризнат… е друго прашање!
Или е тоа само симболична опомена, сликовито предупредување какво каснување го чека секој оној што ќе се обиде да и наштети на скопската убавица!
Она што на другата страна од горниот дел на телото и го истетовирала Мелита е едно име… Посебно, најбитно и најважно во нејзиниот живот, зашто тетоважата со името на нејзината ќерка Барбара говори се’! Логично и нормално за секоја посветена мајка, детето да и биде се’ во животот… Па дури и нејзиното име да го носи на гради!
„Не очекувам некој да ме направи среќна… сама избирам да бидам среќна, го живеам моментот. Не живеам во заблуди и глума. Сето она што душата ми ја гали и работи што ме прават да се чувствувам како мало девојче, и тоа како ме усреќуваат. Вистинската жена и мајка се бори ако има зошто а или се повлекува, свесна дека треба да остане истата онаа која е вредна и важна, зашто животот лета. Среќнасум и кога не сум…“ – порачува меѓудругото Мелита во својата објава споделувајќи уште една серија фотки во секси пози.
Патем, дивата, нескротлива скопска тигрица нема недоумица, кога се животните задоволства во прашање, зачинувајќи ја својата теза со цитат од туѓа мисла:
„Подобро ќе умрам од страст, отколку од досада“ – порачува Мелита. Останува уште јавно да видиме кој е следниот што ќе заврши во жешките прегратки на страста заедно со неа или можеби со „крвав загриз“ како опомена од убавицата, дека ја „преминал границата“?!
Фото: Инстаграм принтскрин/melitameli