Пејачката Јелена Карлеуша ја информираше јавноста дека по 14 години брак се разведува од сопругот Душко Тошиќ.
Сепак, неговиот став е јасен и дефинитивно не сака јавно да го коментира ниту разводот, ниту пораката на сега веќе поранешната сопруга.
– Поздрав. Јас не давам изјави. Благодарам – одговорил Тошиќ на прашањето за разводот.
Јелена Карлеуша се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и ја информираше јавноста дека нејзиниот сопруг и таа ставиле точка на бракот кој траеше 14 години и од кој ги имаат двете ќерки Атина и Ника.
– Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период. Целиот брачен имот е префрлен на нашите деца, старателството над нашите деца ми припаѓа мене – вели таа во својата објава.
фото:Принтскрин/АТА Имаџес/З. Јефтиќ/Дамир Дервишаѓиќ/Н.Николиќ