Радио Милева Тешка судбина

„Имав пет проценти шанси да преживеам“: Потресна исповед на славната Шерон Стоун

„Имав пет проценти шанси да преживеам“: Потресна исповед на славната Шерон Стоун

Секс симболот на деведесетите, актерката Шерон Стоун, во својата тажна исповед открила се’ за здравствените проблеми кои ја принудиле да се повлече од актерството.

Во 2001 година, на 43-годишна возраст, таа доживеа тежок мозочен удар, од кој со години се опоравува. Таа мораше повторно да научи да оди, да пишува и да зборува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LensCrafters (@lenscrafters)

– Имав пет проценти шанси да преживеам. Кога се вратив дома од болница, едвај одев. Моите колкови беа нестабилни и не ја чувствував левата нога. Целата лева страна од телото ми беше одземена, не можев да видам ни на левото око, ни да слушам на левото уво. Морав повторно да научам да зборувам, читам и пишувам. Три години не знаев да го напишам своето име – изјави таа во интервју за странски медиуми и додаде дека еден од проблемите е губењето на меморијата, односно неможноста да запомни нови информации, па и било тешко да прифати нови улоги.

фото:AP/Instagram

To top