Со Рок симфонија и настап на домашни, балкански, но и интернационални артисти, вечерва на ракометното игралиште во Битола почнува дводневниот фестивал „Балкан Гала 2022“.
Дел од вечерашното отворање ќе бидат Ристо Вртев, Гиле (Електрични Оргазам), Ружица (Ареа), Пеце (Суперхикс) и добро познатите и редовни гости на Рок симфонијата на Камерниот оркестар на Битола (КОБ), Михајло Трајковски – Сак и Жарко Јакимоски.
„Речиси една деценија како Камерниот оркестар настапува со своите проекти низ Македонија на скоро сите фестивали, но и на најголемите фестивали низ целиот Балкан. „Балкан Гала“ е производ на природното созревање на најпопуларните проекти на Камерниот оркестар на Битола. Публиката секоја година во се поголем број ги посетува настаните на КОБ, што во суштина е и причина за создавањето на „Балкан Гала“ кој полека прераснува во традиционален настан што се одржува секоја година и секое издание ги проширува границите за артистите што гостуваат“ – велат организаторите.
По завршувањето на Рок симфонијата, во 23:00 часот, забавата ќе продолжи со британскиот ди-џеј Дарен Емерсон (екс фронтмен на легендарните „Underworld”), како и со Горан Кан и Херцел од Македонија.
Утрешната вечер е резервирана за Поп симфонија, под диригентство на маестро Владимир Димовски, а ќе настапат домашни и странски артисти меѓу кои Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Виктор Апостоловски,…