Македонскиот рок состав „Ареа“ во годината кога го слави јубилејот 30 години од своето постоење и прсуство на сцената, деновиве на публиката и го претстави својот најнов албум „Љубов е“.
Тие како пилот сингл кој го најавува ЦД-то ја пуштија во етерот „Јаве или сон“, една од вкупно 11-те нумери кои се најдоа на нивниот седми по ред албум. „Јаве или сон“ е всушност третата песна од овој албум која излегува како сингл. Претходно веќе беа промовирани „Ангелу мој“ и „Отсекогаш“.
Песната е визуелизирана и со видеоспот кој е сниман кон крајот на мај, а режијата му беше доверена на Александар Ристовски-Принц. Гостиварскиот бенд новите песни од албумот ќе ги презентира и со концертна промоција на настапите во различни градови низ Македонија.
Во продолжение уживајте во „Јаве или сон“ како и во преостанатите нумери од албумот „Љубов е“.