Радио Милева спомени

Мадона за малку ќе била уапсена поради симулација на мастурбација на настап (фото)

Мадона за малку ќе била уапсена поради симулација на мастурбација на настап (фото)

Очигледно, подготовките за снимањето на биографскиот филм  „Little Sparrow“ предизвикаа вистинска бура од спомени за поп-кралицата Мадона. Сценариото го напиша заедно со Дијабло Коди и Ерин Кресида Вилсон, а наводно сака и да го режира филмот за нејзиниот живот. И додека се чека првиот дел од приказната во која кралицата на попот ќе ја глуми Џулија Гарнер, Мадона буди спомени на социјалните мрежи.

 

Таа рече дека границите што ги поместила на почетокот на нејзината кариера го отвориле патот на најголемите музички ѕвезди на денешницата, како Мајли Сајрус, Дуа Липа и Кети Пери.

Таа, исто така, се присети како речиси била уапсена поради симулација на мастурбација на нејзината турнеја „Blonde Ambition“ во 1990 година.

– Полицијата три пати ми се закани дека ќе ме уапси додека патував низ светот пеејќи ја „Like A Virgin“ за време на турнејата „Blonde Ambition“ – напиша таа покрај црно-белото видео од себе за време на настапот и додаде: – Ватикан ги откажа сите моите настапи во Рим!

Таа рече дека за време на третата вечер од нејзиниот настап во Торонто, во „Sky Dome“, добила предупредување од локалната полиција дека ризикува апсење.

-Нема да го менувам моето еб**о  шоу – им порачала на колегите.

Настапите и спотови на Мадона отсекогаш биле полни со еротика, сексуално провокативни и контроверзни, а на овој конкретен настап таа се фрлила на креветот и пипкала, т.е. се милуваше симулирајќи самозадоволство.

Фото:Принтскрин/madonna

To top