Терминот за породување на Хана Хуљиќ е закажан за крајот на јули, датумот е познат, а Петар Грашо токму тој ден закажа настап.
За принцезата која наскоро ќе пристигне, Петар и Хана избраа убаво име – Алба. Алба Грашо треба да се роди на 23 јули, кога е терминот на Хана Хуљиќ, но нејзиниот татко Петар тој ден нема да може да биде во болница.
Многумина беа изненадени од гестот на пејачот, со оглед на тоа дека роденденот на нивната ќерка е најважниот ден за него и за Хана и се очекуваше тој ден да биде со неа.
View this post on Instagram
Сепак, иако многу жени не би му простиле на сопругот за таквата одлука, Хана, која е и пејачка, ги разбира обврските на Петар и открива дека не му држи лутина, туку прави компромис.
фото:Бошко Карановиќ/Instagram
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.