Михајло Шаулиќ и неговата вереница наскоро својата љубов ќе ја крунисаат со брак.
Синот на трагично загинатиот легендарен пејач Шабан Шаулиќ, Михајло Шаулиќ, кој е генерален конзул на РС во Цирих, наскоро ќе се жени!
Венчавката со неговата свршеница Марина Велимировиќ наводно е веќе договорена. А, покрај оваа добра вест, семејството Шаулиќ неизмерно го израдувало уште една – што Михајло и Марина следната година ќе станат родители.
„Сите се неописливо среќни поради се убаво што им се случува, секако. Штом идните младенци им ја соопштија веста на своите семејства, почнаа да се прават планови за венчавката, па деновиве веќе се во тек подготовките. Свадбата е закажана, некои од најблиските пријатели се веќе известени, додека другите наскоро ќе добијат официјални покани. Бидејќи младенците сакаат дискреција без преголема помпа, се ќе биде организирано во престижен хотел во главниот град“, изјавил изворот за Шаулиќ.
View this post on Instagram
Според информациите, Михајло и Марина организираат и се договараат за се, а целото семејство и пријателите се пресреќни од радосната вест.
Инаку, Марина е дипломиран професор од Белград.
Фото:Принтскрин/saulicmihajlo/Милош Рафаиловиќ/Немања Николиќ