Малолетната ќерка на Гоца Тржан и Иван Маринковиќ не сака да слушне за нејзиниот татко. Девојчето се пожали дека и е срам што го носи презимето на татко и, па сака што побрзо да го земе презимето на нејзината мајка Тржан, пренесува српски Курир.
Меѓутоа, тоа право ќе го добие кога ќе наполни 14 години. Таа е разочарана од својот татко бидејќи последните две години не и посветува доволно внимание и дека ја бара кога му треба нешто.
Исто така и пречи неговото однесување во реалното шоу „Парови“.
„Ќерката на Гоца е многу паметно девојче и сфати многу работи. По смртта на неговата мајка, Маринковиќ не се гледаше со никој, па ни со својата ќерка. По поканата да учествува во реланото шоу, тој ја побара својата ќерка да се видат, а тој момент го овековечи со фотографија на Фејсбук, па многумина коментираа дека ја користи за маркетинг да покаже дека е добар татко, вели извор за Курир.
Гоца не била достапна за коментар, но неодамна во медиумите изјави дека нема повеќе да го коментира својот бивши сопруг.
фото: Дамир Дервишагиќ