Радио Милева Ќе ја пуштат или не?

Љубовта или мама и тато: Ќерката на Мелина и Харис Џиновиќ на животна раскрсница- бира помеѓу момчето и родителите

Љубовта или мама и тато: Ќерката на Мелина и Харис Џиновиќ на животна раскрсница- бира помеѓу момчето и родителите

Мелина и Харис Џиновиќ неодамна со гала забава го прославија полнолетството на нивната ќерка Џинa. Сепак, медиумите пишуваа дека славниот пејач е многу лут на својата наследничка, но и на нејзиното момче, фудбалерот Андреј Ѓуриќ.

Џина била решена да не се раздели од своето момче, па на родителите им рекла дека ќе се пресели со него во странство кога ќе го потпише договорот.

– Андреј игра за Црвена звезда, но прашање е кога ќе потпише договор за нов клуб. Целта му е да замине, поточно да игра во странство, што ќе се случи наесен. Џина и тој се во врска три години и навистина се сакаат, па решила да биде вистински партнер на фудбалер и ако Андреј замине од Србија, ги пакува и куферите – рекол изворот за Стар и додал дека Харис ја разбира и неговата ќерка, но дека е многу мала за да остави се и да тргне по партнерот, но дека мора да размислува за школување. Од друга страна, Мелина мисли дека Џина е паметна девојка, дека треба да ја пуштат и да ја поддржат.

Се чини дека денот на одлуката е поблиску од кога и да е бидејќи Андреј лично се пофали со новитетите на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AĐ (@andrej.djuricc)

„Ново поглавје“, напиша фудбалерот покрај фотографијата и покажа дека кариерата ја продолжува во Словенија во фудбалскиот клуб Домажале.

Дали Џина ќе ги остави родителите или можеби нејзиното момче, ќе покажат деновите што следат.

фото:Инстаграм

To top