Радио Милева Приказна на многу жени

„Жените немаат простор да зборуваат за ова“: Шерон Стоун ја откри својата болна животна приказна за 9-те спонтани абортуси кои ги доживеала

„Жените немаат простор да зборуваат за ова“: Шерон Стоун ја откри својата болна животна приказна за 9-те спонтани абортуси кои ги доживеала

Познатата актерка Шерон Стоун откри дека имала девет спонтани абортуси, а нејзината приказна пред јавноста ја поттикнала американската танчерка Пети Мургатројд, која неодамна објави дека изгубила бебе.

-Ние жените немаме простор да зборуваме за оваа болна загуба. Не е мала работа. Сепак, принудени сме да мислиме дека ова е нешто со кое треба сами да се справиме и дека е еден вид неуспех, открила актерката.

„Изгубив девет деца со абортус“, призна Шерон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

-Наместо да го добиеме толку потребното сочувство и емпатија и исцеление кое ни е толку потребно, женското здравје е препуштено на идеологијата на мажите, истакнува таа.

Сепак, Шерон успеа да стане мајка посвојувајќи три сина – Квин Кели, Леирд Вон и Роан Џозеф.

фото:Инстаграм

To top