Вечеравечер се одржа големото финале на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а победата по тензично гласање ја однесе Нермин Ханџиќ кој има само 19 години.
Второто место го освои македонскиот претставник Александар Јосифовски.
Јосифовски и лани беше меѓу финалистите на регионалното шоу. Откако влезе во финалето, неговиот ментор Ѓорѓе Давид се расплака и кажа дека Александар до лани бил зависен од алкохол.
View this post on Instagram
Давид го убедил дека мора да зема блокатори, да престане да пие и да се врати на прав пат, а Александар прифатил и се придржувал до нивниот договор.
Ова е голем успех за талентираниот Македонец.
фото:Принтскрин Јутјуб Ѕвездите на Гранд/Инстаграм