Македонскиот пејач Ламбе Алабакоски кој ја шокираше јавноста откако како осомничен за опожарување на влезната врата на културниот центар на Бугарите во Битола, „Иван Михајлов“ беше приведен, а потоа доби и седумдневен притвор кој беше заменет со куќен прирвор што заврши пред неколку дена.
На Ламбе му е одземен пасошот со одобразложение дека постои можност за бeгство затоа што пејачот има двојно државјанство, македонско и на САД.
Ламбе не оди никаде, тука е во Битола, само ќе се придвижи неколку километри до соседниот град – Прилеп каде ќе има настап.
Популарниот фестивал во Прилеп, Пивофест годинава ќе се одржи од 14 до 17 јули. Акцентот е ставен на македонската музичка сцена.
Наум Петрески, Миле Кузманоски, Елена Велевска, Елена Петреска, Вера Јанковиќ, Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Љубојна, ДНК, Некст Тајм, Лозано, Ареа, Владо Јаневски, Џамбо Агушев, Суперхикс, се дел од имињата кои ќе настапат оваа година.
Но, дел од програмата е и пејачот Ламбе Алабаковски, кој за прв пат по инцидентот во Битола ќе се појави во јавноста.
Алабаковски е предвидено да настапи на 16.07 (сабота).
фото:Фејсбук