Гласините дека Јелена Розга повторно е вљубена, во кулинарски мајстор, почнаа минатата година.
Иако поп дивата од Сплит само еднаш се огласи по тој повод и истакна дека таа и згодниот „готвач“ Иван Пажанин, со кој ја доведоа во врска, се само добри пријатели, се чини дека се „зготви“ нешто многу позачинето таму.
„Соло сум“, изјави неодамна Јелена, но дали е тоа така? Зашто, пред неколку дена ги снимиле со седум години помладиот готвач во кафуле во Загреб.
View this post on Instagram
Тие седеле еден до друг, а би се рекло дека биле одлично расположени, пишуваат хрватските медиуми, а приказната е поткрепена со докази, односно фотографии од споменатата зграда.
Иако не ги симнаа очилата за сонце, беше јасно чии очи се кријат зад темните очила. Заедно излегле од кафулето и се упатиле во ист правец.
фото:инстаграм