Радио Милева многу разочарана

Миљана Кулиќ смисли план: Вака планира да симне 20 килограми, а потоа да се омажи за Бебица (фото)

Миљана Кулиќ смисли план: Вака планира да симне  20 килограми, а потоа да се омажи за Бебица (фото)

Задругарката Миљана Кулиќ итно била вратена од Турција, каде што отпатувала за хируршки да го намали стомакот.

Лекарите процениле дека Миљана Кулиќ во овој момент не е подготвена за операција. Се обиделе да ја излечат во Турција, а потоа и рекле дека е најдобро да се врати во Србија додека не биде целосно здрава.

Кулиќ добила бронхитис поради што не била подготвена за операцијата.

– Миљана помина низа прегледи кога дојде во Турција. Ја прегледале кардиолог, пулмолог, оториноларинголог, анестезиолог… Утврдено е дека има бронхитис и воспаление на ушите, и одлучиле дека во овој момент не е подготвена да оди под нож – вели извор близок до Кулиќ.

Во таа прилика се огласи Миљана Кулиќ која рече дека е многу разочарана што мора да се врати, но рече дека не се откажала од операцијата.

– Настинав, добив бронхитис, па не можеа да ми стават анестезија. Добив инфекција на увото, имав температура и докторите рекоа прво да се излечам, па да се вратам. Бев многу разочарана, бев очајна кога требаше да се вратам, но можеби е подобро така. Најважно е се да оди како што треба кога ќе се оперирам – вели Миљана.

Таа открива дека за една или две недели ќе се врати повторно во Турција.

– Повторно одам таму на почетокот на јули. Мислам дека тогаш ќе завршам се. Ќе влезам во следната сезона. До септември дефинитивно ќе ослабам најмалку 20 килограми, а до Нова година ќе бидам како „милион долари“. Потоа ќе правам гала свадба со Бебица – изјави Кулиќ.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Јутјуб

To top