Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез во својот документарен филм „Halftime“ раскажа се за комплицираниот однос со нејзината мајка Гвадалупе Лупе Лопез.
Имено, во објавениот филм Џеј Ло наведува дека нејзината мајка ја тепала се додека таа не побегнала од дома.
-Имам комплициран однос со мајка ми, постојано се каравме. Го направила тоа што треба и сака, и поради тоа е силна, но и безобразна. Не тепаше, нè „уби“ од ќотек – рекла Џенифер која има уште две сестри.
– Не бев совршена мајка, но можам само да кажам дека сè правев имајќи ги на ум нивните најдобри интереси. Сакав да одгледам три девојки за да не зависат од мажи. Не сакав да ги критикувам, туку да им покажам дека можам подобро. Но, Џенифер беше најлоша, искрено, најтешко ми беше – изјави Лупе. Таа тврди дека ги тепала своите ќерки за никогаш не зависат од маж.
Пејачката раскажала и како на 18 години побегнала од дома бидејќи повеќе не можела да трпи таква тортура. Љубовта кон танцот ја одвлекла младата Џенифер од училиште, што нејзината мајка не сакала да го трпи.
– Таа ми рече, ако живееш под мојот покрив, ќе мора да завршиш училиште. Една вечер имавме лоша тепачка и морав да заминам – изјави Лопез.
фото:Профимедиа/Инстаграм