Помладиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ пред неколку месеци по едногодишна врска раскина со Сандра Миљаковиќ.
Оттогаш медиумите го поврзуваа со многу млади пејачки, а сега тој ги изненади сите со својата Инстаграм приказна и со тоа призна дека е во емотивна врска и заљубен.
Виктор на Инстаграм објави фотографија со девојката, свртена со грб, додека таа му седи во скут. Тие двајца се сликале во плиткото, а Виктор ја прегрнал својата нова девојка.
Во медиумите се појави информација дека синот на Брена и наследникот на Боба Живојиновиќ е вљубен во пејачката Лена Чолак, но таа набрзо ги демантираше тие наводи.
„Со Виктор Живојиновиќ отсекогаш сме биле пријатели и само пријатели“ – рекла пејачката која истакнува дека и е непријатно да објаснува такви работи, со оглед на тоа што меѓу нив нема ништо.
Фото:Принтскрин/Дамир Дервишагиќ/Неманја Николиќ/Инстаграм/viktorernest