Популарниот фолкер Аца Пејовиќ со сопругата Билјана има три ќерки Марија, Магдалена и Ива, а иако не се експонираат во јавноста, пејачот често ги фали во своите интервјуа.
Неговата ќерка Марија се запишала на Медицински факултет, а потоа гордиот татко ја почестил ќерката со патување во Америка, а за нејзиниот 18 роденден со автомобил. Најстарата ќерка на Пејовиќ Магдалена дипломирала на ФОН (Факултет за организациони науки).
„Со сопругата Билјана се трудевме да ги едуцираме на чесен начин, да им ги всадиме вистинските вредности, јасно да разликувааат што е добро, а што лошо“- рече своевремено Пејовиќ.
„Денеска сме тука само да ги поддржиме нивните одлуки, бидејќи нема потреба да се мешаме во ништо, тие се одлични млади дами“ – изјави во една прилика пејачот.
Најстарата ќерка Магдалена е природна и згодна убавица, а на социјалните мрежи објавува многу фотографии.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/aco_pejovic/magdalenapejovic