Популарната фолк пејачка Сани Гроздановска деновиве скопските ресторани и кафеани ги замени со настапи во далечната Австраија. За доживувањата таму, настапите, дијастората, хонорарот, Сани сигурно ќе има да раскажува многу, но една случка на пат до таму ќе ја памети цел живот.
Имено, Сани доживеала непријатност на аеродром кога била спореведена во посебна просторија за претрес каде очекувано од неа било побарано да се соблече целосно гола да биде извршен претресот.
View this post on Instagram
Разбирливо, ова ја вознемирило пејачката, но сепак соработувала со полицијата на аеродромот.
„Добро, ништо страшно, иако да признаам на почетокот се вознемирив, бидејќи толку многу сум патувала, но такво нешто никогаш не ми се случило. Морав да се соблечам за да направат проверка да не имам нешто залепено на телото. Моја среќа што лицата кои ме проверуваа во собата беа две девојки некаде на моја возраст“ – вели Сани за „Убавина и здравје“.
View this post on Instagram
Инаку таа е уште неколку недели во Австралија каде има закажано доста настапи, заедно со уште неколкумина пејачи и музичари од Македонија.
View this post on Instagram
Сани редовно го полни својот Инстаграм и Фејсбук профил со доживувањата во Австарилија каде месецов започна зимата која ќе трае до месец август.
фото:Инстаграм/Сани Гроздановска