Последниве денови низ медиумите кружи името кумот на Вељко Ражнатовиќ. Никола Вавиќ (28), истакнат член на озлогласената група на навивачи „Алкатраз“ и еден од тројцата браќа Вавиќ – Александар, Никола и Ѓуро, кои полицијата ги означи како дел од водачите на оваа група.
За Никола се говори дека има инаку дебело досие.
Ова се сите дела за кои се товари, како што пишуваат некои од српските медиуми.
2010: Трговија со дрога и носење оружје
Никола Вавиќ им е добро познат на органите на прогонот. Првите белешки во неговото криминално досие датираат од 2008 година, кога бил уапсен поради предизвикување општа опасност. Следната година бил уапсен за трговија со дрога, поради што една година подоцна бил осуден на три и пол години затвор. 2010 и 2011 година ги поминал во затвор, додека во 2012 година не беше објавена општа амнестија од претседателот Томислав Николиќ.
2011: Закани на судија, фатен со мобилен во ќелија
Тој беше под истрага и откако беше осуден на три и пол години затвор. Пред се’ затоа што при изрекувањето на првостепената пресуда му се заканувал на судијата од Првиот основен суд.
Исто така, во 2012 година во неговата ќелија во КПУ „Ваљево“ бил пронајден мобилен телефон.
2014: Ранување и поседување оружје
Веќе во 2014 година, две години по излегувањето од затвор, тој повторно е зад решетки. Уапсен е откако ноќта меѓу 30 и 31 мај 2014 година на белградскиот сплав „Блејвоц“ пукал и тешко го ранил припадникот на обезбедувањето Роберт Радојичиќ (30). Откако пукал во Радојичиќ, Вавиќ бил претепан од другите припадници на обезбедувањето.
Од овие обвиненија тој беше ослободен во 2015 година, бидејќи застреланиот член на обезбедувањето во судницата го смени исказот од истрагата и рече дека не се сеќава дека Никола пукал во него.
2016: Тепачка и ранување
Никола Вавиќ беше ранет во ногата во јануари по тепачка пред познат ноќен клуб во Белград во строгиот центар на градот.
За тоа ранување е уапсен Лазар Вукиќевиќ (26). Припадник на „Алкатраз“ практично бил спасен од полицаец, кој притрчал и го уапсил напаѓачот кој пукал во Вавиќ.
2017: Претепување момче и девојка
Осомничен е Никола Вавиќ, а потоа признал дека ги претепал Наташа М.(21) и нејзиното момче и и нанел тешки повреди удирајќи ја со пиштол во главата.
Инцидентот се случил во Нов Белград, на брегот на Сава, по расправија меѓу Вавиќ и момчето на нападнатата девојка.
Вавиќ, наводно, прво му се заканил на момчето со пиштол, а кога девојката се испречила меѓу нив двајцата, тој ја удрил со оружјето во главата, по што го напуштил местото на настанот.
Набрзо интервенирала и полицијата која земала изјави од напаѓачите, а Наташа М. била пренесена во Ургентниот центар каде било констатирано дека од силината на ударот и напукнал черепот.
Фото: Инстаграм принтскрин/ NIKOLA.VAVIC