Мегафон промоција

„Некст Тајм“: „Новиот албум е посветен на нашите две мајки… нашата Сузана и татковината Македонија“ (ФОТО)

„Некст Тајм“: „Новиот албум е посветен на нашите две мајки… нашата Сузана и татковината Македонија“ (ФОТО)

Вчеравечер, вторник, 7. јуни 2022 година,  во хотелот „Мериот“ во Скопје, близнаците од „Некст Тајм“, Стефан и Мартин Филиповски пред своите пријатели, колеги, соработници и фанови и пред претставниците на медиумите го промовираа нивниот најнов албум кој носи наслов „Мајка“.

На албумот се наоѓаат девет композиции, од кои повеќето веќе познати, а три од нив сосема нови, плус уште една бонус, но таа привилегија да ги слушнат и тие песни ќе имаат само тие што ќе го купат албумот.

Во преполната сала на хотелот момците од „Некст Тајм“, заедно со својот бенд во живо на чело со музичкиот продуцент на албумот Николче Мицевски за присутните изведоа неколку песни, додека пак на крајот тие ја испеаа и нивната „лична карта“, „Ја излези Ѓурѓо“ и тоа заедно во дует со нивниот голем пријател и колега Влатко Лозаноски – Лозано.

„Велат дека имаме две мајки. Така и ние , едната е нашата мајка Сузана, а другата е татковината. Затоа што татковината ја викаме мајка Македонија. Албумот го посветуваме на целата наша земја, на Македонија. Како и на нашата мајка Сузана и на сите мајки борци. Секој нека си го доживее на свој начин и нека го подари на својата мајка или на Македонија – рекоа тие на промоцијата.

Како што кажавме, помеѓу присутните можевме да забележиме доста познати личности. Тука беа и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, политичарот Илија Димовски, лидерот на „Ноќните волци“ Ленин Јовановски, спортиската Власта Ружиновска, пејачката Елена Ристеска, виолинистот Виктор Ангeлов, џез-пејачката Агни Авшар и многу други познати личности, естрадни и јавни фаци…

 

По завршување на официјалниот дел, Стефан и Мартин останаа да се дружат со своите гости, па речиси час и половина тие се фотографираа и потпишуваа цедиња.

 

To top