Македонската поп дива Калиопи го загуби својот татко. На социјалните мрежи таа објави емотивен статус со кој се прости од починатиот родител.
Вели дека тој бил нејзината сила, светлост, сјај.
„Тато мој…Моја сила, светлост, сјај… Замина и со себе однесе дел од малечката Опи… Патувај кон светлината и биди сигурен дека во моето име врежано е и твоето, засекогаш…“ – напиша Калиопи во емотивниот статус со кој и јавно се прости од својот татко.
Инаку Калиопи како што самата ни изјави во текот на вчерашниот ден по чинот на погребот, за смртта на својот татко дознала претходниот ден, за време на нејзиниот концерт на преубавите полиња со лаванда на некогашната менаџерка на Тоше Проески, Љиљана Петровиќ, каде хуманитарно настапувала по повод донаторската вечер на која биле собирани пари за училиште во село Темјаница.
Редакцијата на Вистина.ком.мк на Калиопи и изразува искрено и длабоко сочувство за ненадоместливата загуба.