Радио Милева Важно да се поклопат енергиите

„Богати се, тоа е привилегија“: Нина Бардриќ проговори за својата другарка милијардерка (фото)

„Богати се, тоа е привилегија“: Нина Бардриќ проговори за својата другарка милијардерка (фото)

Животот на Сандра Мељниченко долго ја интригира јавноста, а нејзината блиска пријателка,пејачката Нина Бадриќ откри детали за поранешната манекенка.

Сандра Мељниченко неодамна официјално стана милијардерка и, според магазинот Форбс, осма најбогата жена во светот. Имено, нејзиниот сопруг, тајкунот Андреј Мељниченко ден пред воведувањето на санкциите против Русија и го префрлил целиот имот, проценет на околу 24 милијарди долари.

-А кога имаш толку пари, немаш претерана потреба да стапиш во контакт со „обични“ луѓе. Сандра, сепак, понекогаш сака да излегува меѓу луѓе. Ја видовме како опуштено шета низ улиците на италијанските одморалишта и Азурниот брег, иако можеше да купи добар дел од него. Не знаеме кои се нејзините најдобри пријатели, таа тоа вешто го крие, но една од ретките луѓе со кои е блиска е музичката ѕвезда Нина Бадриќ.

Поинтензивно почнаа да се дружат кон крајот на 2009 година, кога Нина пееше на свадбата на помладиот брат на Сандра, Милан Николиќ во Москва.

– Сандра и Андреј се одлични. Ги познавам многу години. Двајцата сакаат да ја споделат привилегијата од својот живот на висока нога со бројни пријатели. Најважно е дека секогаш ми е удобно со нив, бидејќи тие се едноставни и неоптоварени луѓе. Тие се богати, тоа е навистина привилегија, но, од друга страна, имам и пријатели кои немаат пари. И во двата случаи важно е енергиите да се поклопат – изјави во една прилика пејачката Нина Бадриќ.

фото:Инстаграм принтскрин

To top