Камерниот оркестар на Битола го најавува второто издание на Balkan Gala Festival. Оваа година во двете фестивалски вечери ќе настапат многу популарни рок и поп изведувачи од земјава и регионот.
На првата фестивалска вечер (6-ти јули), која е посветена на рок музиката ќе настапат: Ристо Вртев од „Архангел“, Михајло Трајковски – Сак, Срѓан Гојковиќ – Гиле од „Електрични оргазам“, Петар Младеновски од „Суперхикс“, Ружица Брчиоска од „АРЕА“ и Жарко Јакимоски. Вечерта ќе заврши со електронска музика и DЈ кои ќе ја превземат сцената после 23 часот. За тогаш се најавени Darren Emerson, Goran Kan и Herzel.
Следната вечер (7-ми јули) на програмата се поп-изведувачите: Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Викторија Лоба, Горан Каран, Ламбе Алабакоски и Виктор Апостоловски.
Локацијата на фестивалот останува иста како и претходната година, Ракометното игралиште. За потсетување минатото лето Аки Рахимовски го одржа својот последен концерт во Македонија а покрај него настапија: Дадо Топиќ, Сергеј Четковиќ и Хари Варешановиќ.