Радио Милева Сите по ист терк

Преобразба на македонската мисица и пејачка: Дали е Карлеуша или нашата Кристина Димитриевска? (фото)

Преобразба на македонската мисица и пејачка: Дали е Карлеуша или нашата Кристина Димитриевска? (фото)

Терндовите кога е во прашање жанската убавина се нешто кое кога ќе се наметне преминува во строг конформизам меѓу припадничките од понежниот пол.

Па така, сигурно многупати сте помислиле колку девојки и жени потсетуваат една на друга откако стана редовна пракса речиси секоја втора да има хијалуроски филери во усните или народски кажано пополнети или зголемени усни, коригиран нос, јаболчници…

Овој тренд е задолжителен кај оние што се занимаваат со јавна професија, така што сите наликуваат една на друга кога ќе направат и слична фризура, боја на коса, шминка…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Со една од своите понови преобразби кои ги прави доста често, нашата мисица и надежна пејачка Кристина Димитриевска, неодоливо потретува на поп-дивата Јелена Карлеуша на нешто помлади години.

На прв поглед ќе се запрашаш дали е Јелена или Кристина? Иако по возраст имаат доста разлика, моќта на шминката и корективната естетика го прават своето.

Од фотографиите знаеме која е која, но дека сите потсетуваат една на друга е неспорен факт.

Што мислите?

To top