Пејачката Јелена Карлеуша повторно стана мета на критики на дел од посетителите на концертот во Мостар, кои по нејзиниот настап побрзаа на социјалните мрежи да откријат „како таа всушност изгледа во живо“!?
Пред полниот клуб Јелена настапи во градник и хеланки „Версаче“, а пред да излезе на сцената објави фотографии од својот стајлинг на Инстаграм.
Нејзините следбеници споредија „пред и потоа“ и шокирано коментираат „дека воопшто не изгледа како на социјалните мрежи“.
Српските медиуми наводно објавија дека обожавателите ги споделија клиповите од настапот како доказ „дека ниту стомакот не и е толку рамен“, како и дека „Јелена сигурно ги средувала сликите на Инстаграм“.
View this post on Instagram
Во меѓувреме, Карлеуша видно изнервирана лутито им возврати на медиумите на Твитер, кои според неа, наводно шират невистини.
„Нон стоп читам во медиумите навреди дека ги фотошопирам фотографиите. Ги повикувам сите српски новинарки да застанат покрај мене, а јас ќе бидам гола. Па да се сликаме?“
Фото: Инстаграм принтскрин/jelenakarleusa.1/karleusastar