Радио Милева мама миа...

Еве на кого се метнала македонската ријалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ: Мора да си убавица како од бајка, кога имаш ваква мајка!? (ФОТО)

Еве на кого се метнала македонската ријалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ: Мора да си убавица како од бајка, кога имаш ваква мајка!? (ФОТО)

Македонската ријалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ го користи сончевото време за да се соблече по бикини крај домашниот базен, па оттаму редовно објавува „скокотливи“ фотографии.

Со извајаното тело, долгите нозе  и бујните облини кои се прелеваат во нејзините бикини, константно ги пали  нејзините следбеници на социјалните мрежи откако со секоја од новите споделени  објави.

Со широко раширени нозе и чаша пенливо вино меѓу нив седната на работ од базенот, Нора побрза да им наздрави  на своите фанови за да им го разубави денот…!

Но, она што младата селебрити убавица  го споделила  како стори фотографии,  дополнително ја заскокотка машката фантазија и љубопитноста, особено на малку повозраснта популација.

Додека Нора се сончаше онака распослана покрај базенот во семејниот двор, атмосферата во оваа сончева прилика ја креваше и префинетиот избор на убавата музика. Убавицата не откри кој беше задолжен да биде Ди-Џејот, но затоа откри нешто многу повозбудливо: Кој тоа покрај неа умее така прекрасно и заводливо да танцува на така убава музика?!

Имено, додека таа ги впиваше на себе првите сончеви зраци, во дворот со камерата на мобилниот го забележа и танцот на дамата во бело. Раскошна госпоѓа, дотерана во бел летен фустан и бела шапка, беспрекорно танцуваше во ритамот на звуците што доаѓаа од звучниците.

Убавото лице од кое зрачи ведра насмевка на стокмената дама е всушност лицето на мама, која дополнително го разубаве сончевиот ден, минат крај домашниот базен. И на нејзината ќерка и на самата себе си, но и на сите кои добро ја знаат, а и оние кои после ова допрва ќе ја запознаат.

Елеонора Миљковиќ  веќе добро ја познавате, но сега е јасно на кого се метнала македонската ријалити ѕвезда…  Мора да си убавица како од бајка, кога имаш ваква згодна и атрактивна мајка!

Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__

 

 

To top