Радио Милева Забелешки за изглдот

Последици од бурниот живот и пластичните операции: Славната манекенка Кејт Мос не личи на себе (фото)

Последици од бурниот живот и пластичните операции: Славната манекенка Кејт Мос не личи на себе (фото)

Кејт Мос сведочеше во корист на своето поранешно момче Џони Деп на судењето на неговата сега поранешна сопруга Амбер Херд, а во таа прилика јавноста остана запрепастена од нејзиниот изглед.

Кејт Мос, која беше големата љубов на Џони Деп во 90-тите, реши да сведочи во негова корист на судењето на годината.

Имено, поранешната сопруга на Џони Деп упати обвиненија против него, дека еднаш ја турнал својата девојка Кејт Мос по скалите, што манекенката остро го демантираше.

– Не, никогаш не ме турна, ниту ме удри. Ја напуштивме собата. Тој излезе пред мене. Беше бура, а додека ја напуштав собата се лизнав и паднав по скалите. Го повредив грбот и почнав да врескам бидејќи бев многу исплашенa. Истрча до мене, ме однесе во собата и ми помогна – изјавила Кејт.

Сепак, повеќе од нејзиното сведочење вниманието на јавноста го привлече нејзиниот изглед. Имено, Кејт, како што многумина велат, го променила својот личен опис, што е последица на турбулентниот живот, но и на бројните корекции кои ги имала на лицето во последните неколку години.

И додека некои веруваат дека некогаш најпосакуваната манекенка на светот се уште е убава жена, имаше и такви кои упатија бројни забелешки за нејзиниот изглед.

фото:Profimedia/InstagramKate moss

To top