Младиот скопјанец Огнен Здравковски кој во оваа сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ е највпечатливиот и најуспешниот претставник од Македонија, објави дека оди скала погоре во натпреварот.
Имено, тој преку својот профил на Фејсбук им се обрати на своите обожаватели и следбеници дека уште еднаш го освои жирито и ги доби сите седум гласа, со што продолжува со борбата и во четвтриот круг од музикчиот натпревар.
Ви благодарам од срце на сите… Душава ми се наполни од толку убави и позитивни коментари.. Се надевам дека ги исполнив вашите очекувања. Одиме уште една скала погоре!!! Наскоро очекувајте го и четвртиот круг. Ве сакам!, напиша Огнен.
Како што тргнало, ако минатата сезона еден од победниците беше охриџанецот Ристе Ристески, нема да биде чудно ако и оваа година и Огнен дотурка со самиот крај и стигне до врвот.
фото:фејсбук