Радио Милева Својата приказна

Клои Кардашијан одговори на тврдењата дека 12 пати направила операции на лицето

Клои Кардашијан одговори на тврдењата дека 12 пати направила операции на лицето

Клои Кардашијан одговори на тврдењата дека дури 12 пати одела на операции на лицето, поради кои изгледа многу поинаку во споредба со 2007 година, кога била на почетокот на кариерата.

Во подкастот „Not Skinny But Not Fat“ ги негирала овие наводи и истакнала дека ‘била само на една операција на носот и неколку ботокс третмани’.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

„Многу ми пречеше кога луѓето зборуваа дека 12 пати сум го оперирала лицето. Се навредив. Дури некои велеа дека сум била на трансплантација на лицето. Навистина ме интересира како дојдоа до тој заклучок. Можеби некогаш ќе се решам на тој чекор, во овој момент сум задоволна од мојот изглед“, рекла таа.

Исто така нагласила дека мрази кога ја споредуваат со сестрите.

„Навистина ми е доста од тоа постојано да слушам лаги“, истакнала Клои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Клои минатата година беше на удар на критики поради големите промени во изгледот.

Иако ја осветлила бојата на косата и повеќе не носи нагласена шминка, нејзините фанови мислат дека нејзиното лице значително се изобличило, бидејќи редовно легнува ‘под нож’ и објавува уредени фотографии.

фото:Инстаграм Клои Кардашијан

To top